January 17, 2019 11:56
Македонија

Бушати: Албанските партии повторно се покажаа како одлучувачки фактор

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, преку својот профил на „Твитер“ го поздрави усвојувањето на уставните измени изгласани од Собранието. Тој напиша дека со изгласувањето на земјата ѝ се отвора патот кон членството во ЕУ и НАТО.

Според него, придонесот на албанските политички партии во Македонија повторно се покажал како одлучувачки фактор, а гласањето на преспанскиот договор претставува потврда на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ.

Related posts

Столтенберг во дводневна посета на Македонија

24info

На судењето за 27 април се читаат пораки од мобилниот телефон на Крсто Мукоски

Filip

Низ Република Македонија ќе транзитира природен гас за развој на инфраструктурата во земјите од Западен Балкан

24news