March 24, 2019 23:04
Балкан

Бушати: Албанија е чекор подалеку од Грција

Првпат официјална Тирана призна дека по настаните во селото Буларат, односите со соседна Грција не се на истото ниво како претходно, што се очекува да влијае врз понатамошните разговори што се водат меѓу двете земјиа за повеќе прашања, јави дописникот на МИА.

Гостувајќи во телевизиска емисија, албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати, изјави дека по настаните во Буларат, каде албанската полиција при престрелка уби етнички Грк, Албанија „се наоѓа чекор подалеку од Грција, а со самото тоа и подалеку од постигнување договор”.

„Се наоѓаме чекор подалеку. Агресивната клима во грчката јавност или некој вид труење во овој важен процес влијае на разговорите меѓу Грција и Албанија. Тоа подразбира дека сега сме подалеку од финализирање на разговорите околу повеќе отворени прашања меѓу двете земји, изјави Бушати“.

Тој претходно оцени дека разочарувачки е молкот на официјална Атина и грчката јавност во врска со „чинот на пукање врз албанската полиција”

„Грчката Влада даде умерена изјава. Очекуваме уште појасен став и дистацирање од иредентистичките повици, посочи  Бушати“.

Албанско-грчките односи се заладија по убиството на Констандинос Коцифас (35), албански Грк, кој поседувал и грчко државјанство, во престрелка со албанската полиција на 28 минатиот месец.

Но, односите станаа посебно тензични ден по погребот на Коцифас, кога албанските власти за „персона нон грата” прогласија 52 грчки државјани, поради нивната „неприфатлива, навредлива и опасна” активност. На овие лица, меѓу кои и кипарската европратеничка Елени Теохару, им е забранет влез во Албанија во период од пет години.

Нови вести

Шешељ повторно ги запали знамињата на ЕУ и НАТО

Filip

Шумски пожар на Крит

Filip

Вук Драшковиќ: Нападите на НАТО можеа да бидат избегнати

Filip