Сопштение до јавност – реакција на изјавата на Ирина Сотирова Бухова
Бухова да не дава политички изјави, туку да го покаже резултатот од КОВИД тестирањето на Зечевиќ.
Бухова наместо да биде портпарол на СДСМ нека се однесува како што и прилега на позицијата која ја држи, и да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ.
Зечевиќ е позитивен и тој на Водици во Охрид ширел корона.
Зечевиќ е неодговорен исто како и Зоран Заев и цело СДСМ кои се виновни за 8.000 починати и за барање провизии од вакцини.
Институциите наместо да бидат во служба на СДСМ, да му поднесат кривична пријава на Зечевиќ.