September 15, 2019 08:11
Спорт

Буфон- трагичарот на ПСЖ

Францускиот шампион ПСЖ синоќа претрпе длабок пораз од Реимс, а наголем виновник за таквиот резултат е голманот на „принцевите” Џанлујџи Буфон.

Италијанската голманска легенда, дури трипати ја извади топката од својата мрежа. Првиот гол го прими меѓу нозе, на вториот реагираше лошо, а вината му се препишува и за третиот гол поради лоша проценка и излегување до половината на теренот оставајќи го голот на парижаните празен.

Џиџи неодамна изјави дека ПСЖ му понудиле продолжување на соработката, и дека би сакал да остане во Париз, без разлика на тоа што освоиле само еден трофеј. Сепак, по синоќешниот дебакл, на 41 годишниот Италијанец сериозно му е разнишано местото во „Паркот на принцевите”.

Нови вести

(Видео) Нејмар со прекрасен гол возврати на навредите на навивачите на ПСЖ

Igor

Норвич го победи шампионот на Англија

zane

Годишнина од смртта на Благој Истатов

zane