January 30, 2023 02:47
Спорт

Бускетс: Тешка вечер за Шпанија, но ќе ни послужи како лекција

На Серхи Бускетс многу тешко му падна поразот на  шпанската репрезентација од Мароко во 1/8 финалето на Светското фудбалско првенство  кое се одржува во Катар.

Шпанците загубија на пенали и не успеаја да се пласираат во четвртфиналето.

– Штета што се беше решено на пенали на најсуров начин. Беше тешко, не чинеше многу, се обидовме да ги истрошиме, да најдеме простор…немавме доволно среќа со последното додавање. Сега е важна репрезентацијата, не јас. Тешка вечер, но ќе послужи како лекција за нашиот фудбал. Имаме многу млади играчи кои можат да и помогнат на репрезентацијата и треба да продолжиме во истиот дух, изјави капитенот на шпанската репрезентација.

Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар ќе се соочи со Португалија на 10 декември.