September 15, 2019 08:16
Свет

Бунт во затвор во Венецуела, убиени 23 затвореници

Организацијата на заштита на правата на затворениците во Венецуела денеска соопшти дека затворски чувари, за време на бунт во затвор во сојузната држава Португеса , убиле 23 затвореници.

Умберто Прадо од Опсерваторијата за венецуелските затвори рече дека во бунтот биле ранети и 18 чувари.

Тој затвор е 350 километри од главниот град Каракас.

Венецуелските власти досега не го коментираа овој инцидент.

Минатата година, 68 затвореници беа убиени во бунт во затвор во Валенсија, од кои многумина изгореа живи.

Критичари велат дека 30 затвори во Венецуела се пренатрупани и со нив управуваат банди, кои се занимаваат со трговија на дрога и оружје.

Инаку, Венецуела се наоѓа во голема криза, која се карактеризира со недостаток на храна и лекови, поради што милиони граѓани заминаа од земјата.

Во исто време, постои жесток политички конфликт меѓу претседателот Николас Мадуро и водачот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател и е поддржан од околу педесет земји, вклучувајќи ги и САД.

Нови вести

(Видео) Индиската полиција запре преполн автобус со 120 ученици во и на него

zane

Првата пловечка нуклеарна централа стигна на својата цел

zane

(Видео) Ужасни последици од невремето во Шпанија: Обилните врнежи однесоа шест животи

zane