January 16, 2022 21:17
Свет

Бундестагот денеска ја одржува првата седница во новиот состав

Во Германија денеска ќе се одржи конститутивната седница на новиот Бундестаг, јавија германските медиуми. Ова е последниот рок за негово одржување, бидејќи според германскиот Устав, првата седница на парламентот мора да се одржи најдоцна 30 дена по изборите.

Се очекува на денешната седница да се избере новото раководство на законодавното тело и да се договори деловникот. Социјалдемократската партија (СПД) го номинираше Бербел Бас за претседател на Бундестагот како победник на изборите.

Пред почетокот на конститутивната седница, во соборниот храм „Св. Марија ” во Берлин, се одржа екуменска служба за новоизбраните пратеници и претставниците на другите уставни тела на Германија.

Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер во попладневните часови на канцеларката Ангела Меркел и на другите членови на владата ќе им го врачи документот за оставка од функциите, бидејќи нивните мандати истекуваа со денешната конститутивна седница на новиот Бундестаг. На барање на претседателот, тие ќе можат да продолжат да дејствуваат привремено до формирање на нова влада.

Бројот на пратеници во германскиот парламент сега изнесува 736, што Бундестагот го сместува меѓу првите најбројни  демократски избрани парламенти во светот. Ова предизвика Синдикатот на даночните обврзници синоќа да одржи протестна акција против проширувањето на собранискиот систав. Тие побараа законска реформа со која бројот на пратеници ќе се намали на 500, за Бундестагот да биде поефикасен, економичен и предвидлив.

-Гласачот мора да биде во срцето на законот како суверен, а не партискиот егоизам, изјавио Рајнер Холзнагел, претседател на Сојузот на даночните обврзници.

Според него, законската регулатива во сегашната форма е дополнително финансиско оптоварување за демократијата, а проширувањето на собранискиот состав од 598 на 736 пратеници ќе ги чини граѓаните дополнителни трошоци од 410 милиони евра.

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 1

sites to watch anime AnimeDao How NOT to Summon a Demon Lord Ω

online anime How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

watch animes AnimeDao My Hero Academia Season 3

AnimeDao The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 22