Македонија

Бузаку тврди дека вчера бил физички нападнат

Самопрогласениот реис, Скендер Бузаку изјавил дека синоќа бил физички нападнат и дека случајот е пријавен во полиција, па затоа ќе се врати во канцеларијата на ИВЗ кога за тоа ќе се создадат услови, информира ТВ 21.

-Откако полициските службеници го напуштија објектот, една група која ја испратил Сулејман Реџепи дојде и не нападна физички тука. Оваа група беше идентификувана од полициските службеници и познати се имињата на сите. Секојпат овој човек со помош на заплашување  и напади, со помош на употреба на насилство и сила се обидува да ги заплашува муслиманите и вработените-изјави Бузаку.

Членот на ИВЗ, Мумер Весели негира дека е употребено насилство од ИВЗ врз Бузаку.

-Нека се жали кај својот пријател Олиевр Спасовски, во ИВЗ немаме вооружени сили, немаме хулигани во ИВЗ, не се употребува насилство, единствената сила на ИВЗ е моралната сила и ниедна друга, вели Весели.

Денеска во Централен регистар е објавена одлуката на Основен суд Скопје 2 – Скопје, за именување на вршител на должност Реис Улема во Македонија. ИВЗ објави и документи во кои велат дека е употребен фалсификуван печат.

Нови вести

Се бара модел за одржливост на граѓанските организации

Daniela

Доделени десет стипендии за талентирани средношколци и студенти

Daniela

Камчев и Оливера Трајковска ќе сведочат за „Тортура“

Igor