August 8, 2022 18:32
Балкан

Бугарското Собрание утрово во три обида не обезбеди кворум, а вечерва треба да му гласа (не)доверба на Петков

Од утринава се направени три неуспешни обиди за почеток на редовното заседание на Собрание на Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Во салата се појавиле само 115 пратеници од вкупно 240, што е недоволно за почеток на работата на бугарскиот Парламент. Потребни се најмалку 121 пратеник да има во салата.
Бугарскиот парламентот треба да избира нов претседател на Собранието, откако беше сменет  Никола Минчев.

Денеска треба на вонредна седница на Парламентот да се гласа и за опстанок на владата на премиерот Кирил Петков. Гласањето е закажано во 19:10 часот по бугарско време. На Петков и неговата партија „Продолжуваме со промената“ му се потреби 121 глас за да опстане.

За да преживее владата на Петков му недостасуваат уште шест пратеници. Бугарскиот премиер смета дека и да помине гласањето за недоверба, тие би имале уште една недела да обезбедат мнозинство во собранието, кое би функционирало со помош на независни пратеници

Во случај пратениците да соберат 121 глас за гласањето, претседателот мора да го предаде мандатот на првата политичка сила, ако не успее да формира влада – на втората, и секако ако не успее и вториот обид – на третата политичка сила.