Балкан

Бугарското обвинителство соопшти дека откриле група за купување гласови за изборите финансирана од земја надвор од ЕУ

Канцеларијата на бугарскиот јавен обвинител соопшти дека е откриена група од земја надвор од Европската унија која финансирала група за купување гласови за време на парламентарните избори во Бугарија на 4 април. Уапсен е кандидат за пратеник на сега вонпарламентарна бугарска партија, водач на ромско маало од Пловдив и општински советник. Како што јави дописникот на МИА од Софија, кој се повикува на градската обвинителка Илијана Кирилова, петмина кандидати за пратеници во моментов се испитуваат за купување гласови.

Со акцијата е спречено да се внесат 800.000 лева во изборниот натпревар, соопштија од Обвинителството.Групата дејствувала од 6 февруари до денот на изборите.

Истрагата за една од групите приведени од бугарската полиција и обвинителството за купување гласови почна во Пловдив. Групата работеше низ цела Бугарија, а на врвот е организатор со 4 компании кои поседуваат хотел, метанска станица и кабелска телевизија. Тој одржувал контакт со неформалниот лидер на партијата. Мобилни телефони и СИМ-картички биле купени и дистрибуирани и врската е направена само од нив.

Групата е финансирана од лице кое живее во земја што не е членка на ЕУ, соопшти бугарското обвинителство, без да прецизира дали станува збор за бугарскиот бизнисмен Васил Божков, кој се криел од правдата во Дубаи. Парите од оваа земја надвор од ЕУ морале да бидат испратени во Турција. После тоа, тие морале да бидат пренесени во Бугарија од лица платени за тоа додаваат од бугарското обвинителство. Партијата на бизнисменот Васил Божков освои скоро  три отстона парламентарните избори во Бугарија, изненадувајќи многу социолози и политички набљудувачи.

AnimeDao haikyuu season 2 animedao: Watch My Hero Academia 3 (Dub) Episode 25

AnimeHeaven dragon ball z anime heaven: Watch Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen Episode Preview