Македонија

Бугарското МНР ќе даде целосна помош на македонските власти во врска со несреќата

Министерството за надворешни работи на Бугарија во рамките на своите надлежности и ја дава сета потребна помош на Република Северна Македонија во врска со несреќата на автопатот „Струма”, соопшти Прес-центарот на бугарското МНР.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Софија, им го порача бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, на премиерот Зоран Заев, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

Стоев претходно денеска ја пречека владината делегација во болницата „Пирогов” во Софија, каде ги посетија настраданите во тешката сообраќајна несреќа. За состојбата на пациентите и грижата за нив информираше директорот на болницата проф. Иван Поромански.

Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Бугарија во Скопје се во постојан контакт со македонското МНР и со нејзиното дипломатско претставништво во Софија, се додава во соопштението.

Од надлежните бугарски институции е побарано да се обезбеди приоритетен и непречен влез во Бугарија на роднините на загинатите и повредените, како и на претставници на медиумите од земјава со оглед на хуманитарниот аспект на случајот.

Бугарското Министерство во рамките на своите надлежности дава помош и на тим лекари од судска медицина, како и на вработени во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, кои ќе пристигнат во Бугарија во врска со несреќата, се нагласува во соопштението.

online anime. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

Dragon Ball Z (Dub) Episode 283

TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy-

High School DxD

GoGoAnime The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub] Episode 15

GoGoAnime Dragon Ball Super

tải go88