August 8, 2022 19:30
Балкан Македонија

Бугарското ВМРО пред домот на премиерот Петков во Софија

Приврзаниците на бугарското ВМРО се пред влезот од зградат во која живее премиерот Кирил Петков, објави телевизија Нова. Целта им е да го спречат да замине на работното место. Бугарскиот премиер Петков живее во центарот на главниот град Софија, во близина на парламентот и на работа оди пеш до Министерскиот совет и Националното собрание.

Денеска во Собранието ќе се расправа за (не)доверба на неговата влада, а ВМРО е партија која нема добиено доверба од граѓаните да биде дел од парламентарците и денеска ќе протестира.

Според она што пристигна како фото и видео-записи од кај источниот сосед  европратеникот Ангел Џамбазки е предводникот на ативистите кои можат да се избројат на „прстите“. Тие со транспаренти го обиколиле колективниот влез на зградата во која живее премиерот. Го обвинуваат за национално предавство поради Македонија.