April 21, 2019 08:44
Балкан

Бугарските маркети преполни со „Милка“ чоколадо со сомнителен квалитет

Милка чоколада со полнење од јагода со сомнителен квалитет ги преплавила бугарските маркети. Нивните медиуми деновиве пренесуваат фотографии од граѓани кои велат дека чоколадата е побелена и дека го нема препознатливиот вкус на „милка“. Чоколадата е со чудна конзистенција иако има рок на траење.

Во нашата Агенција за храна велат дека кај нас нема пријавено и пронајдено такви чоколади.

„Бев во супермаркет за основни намирници, но на каса добив информација од касиерката дека на акција можам да купам милка чоколадо со полнење од јагода за 1,2 лева (40 денари). Цената беше многу ниска и иако не ми беше во план да купам, сепак зедов неколку чоколади. Но изнендувањето беше откако ги отворив“, вели еден бугарски граѓанин за бугарски „Блиц“.

Според него, наместо ефтина чоколада за јадење добил храна која ни најмалку не е за консумирање.

„Чоколадата беше цела побелена, без мирис и вкус. Не ми е за парите, револтиран сум од однесувањето на фирмата. Добив впечаток дека знаат дека со чоколадите нешто не е во ред и намерно ги ставаат на акција за да се продадат“, вели купувачот.

Во Македонија нема пријавено ни пронајдено такви чоколади, велат од Агенцијата за храна

Во Агенцијата за храна велат дека на пазарот во земјава нема пласирани небезбедни производи на „Милка“

„На пазарот во Република Македонија не се пласирани небезбедни производи – чоколади Милка со полнеж од јагода. Инспекциските служби на Агенцијата вршат редовни контроли на храната на домашниот пазар и на онаа која се увезува“, велат во Агенцијата.

Од таму јавуваат дека од почетокот на годинава заклучно со септември инспекторите за храна извршиле вкупно 12.652 контроли на домашниот пазар, при што како небезбедни се уништени  само 7, 4 килограми кондиторски производи од вкупно поништените  над 6 тони храна од неживотинско потекло.

Валентина Ангеловска

Нови вести

Ново обвинение за убиство против сопругот на убиената пејачка на „Гранд“, Јелена Марјановиќ

Igor

Партијата на Ердоган поднела и второ барање за поништување на изборите во Истанбул

Igor

Нов протест на опозицијата во Белград, формиран тим за преговори со власта

Igor