June 24, 2021 17:01
Македонија

Бугарскиот Универзитет од Велико Трново отвора филијала во Македонија

Бугарскиот универзитет од Велико Трново „Св. Кирили и Методиј” ќе отвори своја филијала во Северна Македонија, јави бугарското Национално радио.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, преговорите меѓу Универзитетот во Велико Трново и Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин” во Свети Николе се воделе три години.

Според ректорот на Универзитетот во Велико Трново, проф. Христо Бонџолов, веста во телефонски пред неколку дена ја соопштил премиерот Зоран Заев.

-Разговарав телефонски со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и тој ме увери дека следната недела, на седница на Владата на Република Северна Македонија, ќе биде донесена одлуката да се отвори филијала на Универзитетот Велико Трново „Свети Кирил и Методиј” на територијата на Република Северна Македонија. Ќе се обидеме заедно – Бугарија и Република Северна Македонија, да ги изградиме уништените мостови, објави во видео обраќање, проф. Бонџолов.

Од следната академска година, по програмата на Универзитетото во Северна Македонија, ќе студираат повеќе од 100 магистри и околу 50 докторанти.

GoGoAnime gogoanime kissanime tv: Naruto: Shippuden (Dub) Episode 500

AnimeHeaven dragon ball z anime heaven: Fairy Tail Episode 175