August 8, 2022 17:49
Балкан

Бугарскиот претседател ги заврши консултациите пред да го додели мандатот за формирање нова влада

Претседателот на Бугарија Румен Радев ги заврши консултациите со партиите во Националното собрание, откако минатата недела на владата и беше изгласана недоверба.

Радев изјави дека првиот мандат за формирање на новата влада во рамките на овој парламент ќе го предаде на најголемата партија во Собранирто „Продолжуваме со промената“. Тој не прецизираше кога ќе им го даде мандатот. Радев вечерва заминува за Мадрид на самитот на НАТО, каде ќе биде до 30 јуни.

Во меѓувреме партиите меѓусебе се консултираат за нова влада. Од досега владејачката партија „Продолжуваме со промените“ соопштија дека денеска почнува преговори со актуелните партнери од владејачката коалиција во Бугарија. Доколку се договорат, ќе предложат влада и акциски план во форма на јавна покана до сите пратеници во Националното собрание, со цел да се формира мнозинство од 121 пратеник.

Од партијата „Има таков народ“ (ИТН), која ја напушти владејачката коалиција пред да и биде изгласана недоверба, велат дека нема да поддржат влада со премиерот Кирил Петков или Асен Василев.