August 12, 2022 02:38
Македонија

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитка до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на неговиот македонски колега, Димитар Ковачевски, наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската евроинтеграција останува конзистентна и јасна.

Според премиерот Петков, добрососедството може да донесе сериозни позитиви не само за двете земји, туку и за целиот регион.

„Очекувам заеднички да работиме за нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на билатералните односи, чиј што развој е од голема корист за граѓаните на Бугарија и на Република Северна Македонија“, наведе Петков во честитката.