Вицепремиерката Екатерина Захариева го прими специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија (РСМ), Владо Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија, пренесува „Бгнес“ повикувајќи се на информации од Министерството за надворешни работи на Бугарија.
За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји.
„Република Бугарија предложи акциски план за соработка со Република Северна Македонија во спроведувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Овој документ, кој се однесува на сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (во согласност со член 12 од договорот). Направен е преглед на спроведувањето голем број обврски за кои е утврдено дека доцнат“, се вели во информацијата што ја објави „Бгнес“.