October 28, 2020 03:43
Балкан

Бугарија има рекордни 998 заразени од коронавирусот

Бугарија денеска регистрира рекорден број на заразени лица од коронавирусот – 998 ,што е 13,4 отсто од бројот на тестирани, додека 14 луѓе починале.

Министерството за здравство преопорача да не се патува во Благоевград и Трговиште, додека единствено место без случај на коронавирус е Видин. Но, и покрај растот на заразени, Министерството за здравство смета дека не се потребни рестриктивни мерки.