January 30, 2023 03:14
Балкан

Бугарија гневна на блокадата за Шенген – ЕУ била цинична и му се нафрлија на Марк Руте

Бугарија реагираше исклучително остро на одлуката на Холандија да не ја прими земјата во Шенген зоната и на коментарите на холандскиот премиер Марк Руте, кој отворено се посомнева дека властите имаат способност да ги заштитат бугарските граници.

„Наместо европска солидарност, Бугарија добива цинизам!“. Така, претседателот Румен Радев на Фејсбук го коментираше ставот на Холандија да ја спречи Бугарија од Шенген и да ја пушти Романија да влезе.

„Неодамна тројца бугарски полицајци загинаа чувајќи ја надворешната граница на Европската унија. Денеска премиерот на Холандија Марк Руте недозволиво предложи оваа граница да се мине за 50 евра“, посочува Радев.