June 25, 2022 17:49
Балкан

Бугарите старвуваат дека Русија може да ги окупира

Две третини од Бугарите стравуваат дека Москва ќе изврши напад на објекти во Бугарија, повеќе од половината се плашат дека Русија може да ги окупира, а тројца од четврица Бугари се плашат од употреба на нуклеарно оружје, покажува најновото истражување на јавното мислење во Бугарија, што го спроведе агенцијата ЕСТАТ за Фондацијата „Работилница за граѓански иницијативи“. Според анкетата, 54 отсто од граѓаните стравуваат дека Русија може да ја окупира Бугарија, а 62 отсто сметаат дека може да изврши ракетни или бомбашки напади на бугарска територија.

Според „Еуроактив“, ова може да биде објаснувањето зошто Бугарија не ја заостри политиката кон Русија и зошто општеството се обидува да има понеутрален став кон војната во Украина.

Половината од испитаниците рекле дека очекуваат НАТО да ѝ помогне на земјата во случај на напад, но само 41 отсто од нив го поддржуваат членството на Бугарија во таа воена алијанса, додека третина се изјасниле против.

Истражувањето покажува дека само 10 отсто Бугари ја познаваат историјата на бугарско-руските односи, додека 80 отсо не се сигурни во своето знаење.

Неодамна организацијата Атлански совет на Бугарија на својата фејсбук-страница објави предупредување за наводен руски план „Виножито“ кој опфаќа линија на руско делување од Доњецк и Луганск, преку јужна Украина, Одеса, Молдавија, Романија и Бугарија како „руска врата на Балканот“ до Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и Косово. Остварувањето на „пеколниот план“, како што го нарекуваат бугарските атлантисти, е попречен од воениот отпор на Украина кон агресорот Русија. Атлантистите предупредуваа дека во случај ако Русија ја освои Молдавија, планот за Бугарија е да се освои одвнатре преку петтата колона, со де факто повлекување на Бугарија од воената структура на НАТО. Понатаму, ако сè оди по планот, во Бугарија ќе има техничка влада на претседателот Румен Радев, која ќе дозволи руските војници и оружје да минуваат низ Бугарија, наводно во транзит, на пат кон Србија и Босна и Херцеговина, по отцепувањето на Србите од Република Српска. Според бугарските атлантисти, Србија сака да се обедини и со косовските Срби во Голема Србија, а во ваквото сценарио се очекува Бугарија да прогласи неутралност.

 

Game bài thiên đường - Tải Go88 Club nhận code 200k cách nạp tiền go88 bằng internet banking go88 bị bắt

sunwin group SunWin Cổng game bài đổi thưởng số 1 sunwin game bài ma cao