December 9, 2022 12:57
Економија Свет

Бруто националниот долг на САД надмина 31 трилиони долари

САД ја почнуваат новата фискална година со бруто национален долг што веќе надминува 31 трилиони долари, се наведува во извештајот на Министерството за финансии во Вашингтон.

Долгот се приближува до законската граница од околу 31,4 трилиони долари. Американскиот Конгрес изгласа дека тоа е максималниот износ што може да си го дозволи националната економија, во услови на висока инфлација, зголемени каматни стапки и силна национална валута.

Додека американскиот претседател Џо Бајден ги промовира напорите на неговата администрација за намалување на буџетскиот дефицит и спречување на високата инфлација, економистите предупредуваат дека нивото на бруто националниот долг е алармантно високо.

Одборот на Федералните резерви на САД неколкупати ги зголеми клучните каматни стапки оваа година во обид да ја ограничи инфлацијата во земјата.