February 27, 2021 12:38
Свет

Бројот на починати од коронавирусот во светот надмина 2 милиона

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во светот денеска надмина  бројка од 2 милиона, покажуваат податоците на американскиот универзитет Џонс Хопкинс. Според бројките на познатиот универзитет во Балтимор, од почетокот на пандемијата до денеска, вкупно 2.002.468 лица починале од коронавирус во светот, а 93 милиони биле заразени.

Најголем број на смртни случаи има во САД, 390 105, следен е Бразил со 207 илјади, Индија со 151, Мексико со 137 и Велика Британија со скоро 88 илјади смртни случаи.

Оздравеле 51 милион луѓе, најмногу во Индија каде се опоравиле 10 милиони луѓе, по што следуваа Бразил, Русија и Турција.

Според универзитетот, вчера имало 754.918 нови случаи ширум светот.

Watch Dr. Stone Episode 24 at Crunchyroll free vrv account

Black Clover (Dub) (https://gogoanime.be/m/v0E6) Episode 142 at GoGoAnime gogoanime demon slayer