January 16, 2019 01:14
Свет

Бројот на населението во Кина во незапирлив пад

Кина ќе се соочи со незапирлив пад на бројот на населението во текот на следните децении, како и со сè помал број работници што би го поддржале општеството што старее, се вели во извештајот на еден од водечките кинески институти.

Извештајот на Кинеската академија за општествени науки, кој доаѓа три години откако Кина ја укина својата долгогодишна политика на едно дете, предупредува дека ерата на негативен раст на населението е речиси овде и предвидува дека бројот на населението ќе го достигне својот врв од 1,44 милијарда во 2029 година.

До 2065 година оваа бројка се очекува да опадне до 1,172 милијарда. Според податоците на Светската банка, во 2017 година Кина броела популација од 1,386 милијарда жители.

Според извештајот, бројот на работоспособни жители стагнира, а населението продолжува да старее.

„Во теорија, долгорочниот пад на населението, особено придружен со неговото зголемено стареење, предизвикува многу негативни социјални и економски последици“, се вели во извештајот иако не се наведува на какви последици се мисли.

Експертите предупредуваат и дека со стареењето на населението во Кина се намалува и домашната потрошувачка, што може да има несакани последици врз глобалната економија.

Во извештајот се препорачува Кина да се подготви за ваквиот тренд и да почне да создава политики со кои ќе може да се соочи со ваквиот пад на населението.

Related posts

Активисти на „Гринпис” се качија на оџак на термоцентрала во Полска

Filip

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Проектил погоди автобус полн со деца, 50 загинати

24news

На изборите во САД победил покоен сопственик на бордел обвинет за силување

Igor