November 24, 2020 21:09
Свет

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 31 милион

Бројот на заразени со коронавирусот во светот, според веб-страницата Ворлдометер (Worldometer), надмина 31 милион.

САД се најпогодени од пандемијата, каде има речиси седум милиони заразени, а повеќе од 200.000 починале.

На второ место е Индија, каде се разболеле 5,4 милиони луѓе, а бројот на заразени секој ден се зголемува за речиси 100.000.

Во Бразил, кој е на третото место по бројот на заразени, се разболеле повеќе од 4,5 милиони луѓе, а во Русија повеќе од еден милион.

Во Европа, коронавирусот е потврден кај повеќе од 4,4 милиони луѓе, а после Русија, следуваат Шпанија – 659.334, па Франција со 442.194 заразени.

Според Ворлдометер, во светот досега се заразени 31.002.576 лица, починале 961.612 луѓе, 22.610.880 се излекувани.