December 3, 2022 10:51
Свет

Бројот на загинати при превртување на чамец кај Сирија се искачи на 60 лица

Најмалку 60 лица се удавија при превртувањето на чамецот со мигранти во близина на сирискиот брег.

Гувернерот на сириската провинција Тартус, Абдул Халим Калил за локалните медиуми денеска изјави дека потрагата за уште тела е во тек.

Чамецот што испловил од Либан се преврте пред два дена.

Во текот на изминатиот месец, илјадници Либанци, Сиријци, Палестинци го напуштија Либан и преку море се упатија кон Европа.

Во Либан живеат околу шест милиони луѓе, вклучувајќи и повеќе од милион сириски бегалци. Над три четвртини од населението живее во сиромаштија поради економската криза во земјата од 2019 година.