August 14, 2022 09:21
Скопје

Брнз на посета кај Арсовска- ѝ ја честиташе титулата првата жена градоначалник на Град Скопје

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнз денеска ја посети градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со цел да и ја честита новата функција и да ѝ посака успешна работа.

-На денешната средба амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз истакна честититки за изборот за градоначалник, со желба за успешна работа и изрази надеж дека со активна соработка и поддршка ќе се пристапи кон решавање на многубројните општествени проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните. На средбата стана збор за интензивирање на соработката помеѓу Градот Скопје и амбасадата на САД, како и за размена на позитивни искуства од различни сфери на соработка што ќе придонесе и за реализирање на голем број нови заеднички проекти, напиша Арсовска на Фејсбук.

<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FArsovskaDanela%2Fposts%2F445161427235794&show_text=true&width=500″ width=”500″ height=”584″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share”></iframe>