October 16, 2021 22:27
Балкан

Брнабиќ: Србија вложи над 600 милиони евра во железница

Од 2014 година, Србија инвестираше повеќе од 600 милиони евра во реконструкција и модернизација на железницата и набавка на возила, изјави денеска премиерката на Србија Ана Брнабиќ непосредно пред почетокот на Железничкиот самит Западен Балкан 2021 година во Белград.

Планираните железнички проекти во Србија вредат повеќе од шест милијарди евра, додаде Брнабиќ, нагласувајќи дека целта на Србија е целосно да се модернизира железничкиот сообраќај и со железница да се поврзе со сите земји во регионот и Европската унија.

Брнабиќ посочи дека целта е железницата да биде примарен вид превоз, и патнички и товарен, потсетувајќи дека 2021 година е година на железницата во Европската унија.

На белградската железничка станица Центар – Прокоп таа го пречека возот „Connecting Europe Express” , кој беше дизајниран од Европската комисија како дел од Европската година на железниците.

Возот ќе го мине континентот и Западен Балкан како составен дел од него. Со тоа се означи почетокот на Железничкиот самит во Белград.

Самитот е организиран од Транспортната заедница, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а домаќин е српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Во видео пораката на отворањето на Самитот, еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеј изјави дека ЕУ е подготвена да ги поддржи земјите од Западен Балкан во модернизацијата на железничкиот сообраќај, кој, како што рече, е важен за поврзување на регионот, но и на регионот со ЕУ.

Тој истакна дека клучна програма за инфраструктурниот развој на регионот е „Економскиот инвестициски план за Западен Балкан” вреден 30 милијарди евра, кој Европската унија го одобри за регионот. Тој прецизираше дека милијарда и пол евра ќе бидат вложени во развој на брза пруга на Коридорот 10, кој ќе ја поврзе Србија со Бугарија и со Грција, како и развој на Коридорот 4, со кој Белград се поврзува со Подгорица и пристаништето Бар во Црна Гора.

Website https://animeflv.uk: Watch Odoru Mowai-kun animeflv Episode 26 stream anime online

Website https://aniwatch.pro: Watch Sword Art Online II (Dub) aniwatch Episode 24 anime

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

Website https://animedao.nl: Watch Moriarty the Patriot animedao Episode 11 sites like animedao

Intensedebate: https://www.intensedebate.com/profiles/animeflixnl

Ttlink: http://ttlink.com/kissanimemx