June 26, 2022 22:57
Македонија

Брнабиќ: СПЦ се обидува да реши прашања што придонесуваат за соработка и поврзување

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска во Скопје не сакаше да ги коментира односите и разговорите за црковните прашања меѓу Српската православна црква и МПЦ – Охридска архиепископија, но им се заблагодари на СПЦ и на српскиот патријарх Порфирије, затоа што, како што оцени, се обидуваат да решат прашања што придонесуваат за регионална соработка, разбирање и поврзување.

– Јас како претседателка на Владата не можам да говорам за црковни прашања и не можам да ги коментирам одлуките на Српската православна црква. Сепак, сакам да кажам дека чувствувам голема благодарност кон СПЦ и неговата светост патријархот Порфирије за тоа што во еден отворен разговор и дијалог се обидуваат да решат некои прашања и со тоа директно да придонесат за регионалната стабилност, разбирање и поврзување и, се враќам повторно на тоа, поинаква иднина, што е одговорност на сите и нас и денес сите треба да работиме на тоа, рече Брнабиќ.

https://tai.go88.is/

https://sunwin.fan/