February 2, 2023 22:32
Балкан

Брнабиќ: Курти не врати не во 19, туку во 18 век, не доведе до раб на војна

Српската премиерка Ана Брнабиќ, коментирајќи ја актуелната ситуација на Косово и Метохија, рече дека „Албин Курти не врати сите нас не во 19, туку во 18 век“. Таа не ја исклучи можноста Србија, повикувајќи се на резолуцијата 1244, да побара присуство на своите безбедносни сили на Косово.

-Денеска имаме ваков ден, убав ден, нешто на што работиме повеќе од две години, воведување на директен лет на нашиот превозник со Пекинг. И имате ситуација некој во Приштина да те врати не во 19, туку во 18 век. Имаме инвеститори, работни места, се повеќе млади луѓе кои се враќаат од дијаспората, а некој секогаш ве враќа во 18 век. И мислам дека се што направи Курти е опасност не само за Србите, туку и за Албанците, за цела Европа и дека тоа е политика на 19 век. Албин Курти не врати сите назад не во 19, туку во 18 век. Се што прави е опасност, не само за Србите, туку и за Албанците и за цела Европа. Курти не доведе до самиот раб на војна. Однесувањето му е целосно егоцентрично, Кфор и ЕУлекс не си ја вршат работата, не ги штитат Србите на Косово и Метохија. Многу сме блиску до барање за враќање на нашите сили на територијата на Косово и Метохија според резолуцијата 1244“, рече Брнабиќ, додавајќи дека Србите се во страшна состојба.

Во синоќешното обраќање директорот на владината канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, рече дека Белград размислува да врати до 1.000 припадници на своите безбедносни сили.