Балкан

Брнабиќ: Ги исполнивме сите барања од еколошките протести- Рио Тинто си оди од Србија

Владата на Србија вечерва ја укина уредбата за Просторниот план на специјалното наменско подрачје за реализација на проектот за експлоатација и преработка на јадарит руда, со која, според премиерката Ана Брнабиќ, се поништени сите управни акти поврзани со компанијата Рио Тинто и нејзината ќерка компанија Рио Сава Експлорејшн.

-Поништени се сите решенија, сите дозволи, изави српската премиерка по владината седница на вонредна прес-конференција.

Таа додаде дека е укината Работната група за спроведување на проектот Јадар, со што, како што рече, се исполнети сите барања на еколошките протести и „се стави крај на Рио Тинто во Србија“

-Со ова сѐ што се однесува на проектот Јадар и Рио Тинто сѐ е завршено, изјави таа, јави Бета.

Движењето „Еколошко востание“, кое обединува организации, здруженија и групи граѓани, веќе неколку месеци протестира со блокади на патиштата, инсистирајќи да се прекине проектот за истражување и ископ на литиум во Србија и да се укинат сите дозволи и да се раскинат сите договори.

Брнабиќ рече дека нема зборови да го опише „лицемерието на странците кои финансираат протести“.

-За ова разговарав и со неколку амбасадори и им ја пренесов истата порака. Најголеми финансиери се еколошките организации од САД, Фондацијата Рокфелер, УСАИД, Фондот за отворено општество, Националната фондација за демократија и многу други. Од Велика Британија Вестминстер Фондацијата за демократија, Британскиот совет … – рече премиерката.

Таа рече дека „последнава година сите дојдоа во Србија, да финансираат организации и да учествуваат во нивната директна работа и здружување, а потоа да ги финансираат протестите“.

– И тоа не би било проблем, да речеме дека ги интересира животната средина. Дека кај нас нема вакво лицемерие, дека финансиерите на протестот ги напаѓаат фирмите од тие земји и претпоставувам дека треба да ги браниме и политички да ги ослабиме благодарение на протестите што ги финансираат – истакна Брнабиќ.

dubbed anime. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime stream Tokyo Revengers (Dub)

AniWatch The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

Naruto Episode 219

animes online AniWatch To Your Eternity

Dragon Ball Super (Dub) Episode 129