June 23, 2021 08:32
Магазин

БРИТ-награди: Поп ѕвездите се собраа за враќање на музиката во живо

Околу 4.000 луѓе гледаа како ѕвездите Дуа Липа и Арло Паркс триумфираат и настапуваат на доделувањето на „БРИТ-авордс“ во Лондон во вторникот, на првиот голем музички настан во затворен простор со жива публика по повеќе од една година.

Почестите на британската поп-музика, за кои публиката не мораше да носи маски или да биде физички дистанцирана, се одржаа во арената О2 на реката Темза, во период кога земјата излегува од целосна блокада поради Ковид-19.

Церемонијата, на која Били Ајлиш и Викенд исто така триумфираа, е дел од владината програма со цел да се утврди дали големи настани можат да се одржуваат во затворен простор без социјално дистанцирање.

„Оваа вечер се радуваме на посветла иднина,“ рече водителот Џек Вајтхол. „Имаме публика … имаме поп-sвезди, се вративме.“

Луѓето со купени билети мораа да покажат доказ за негативен резултат од Ковид-тест за да влезат во арената, која има капацитет од околу 20.000 седишта. Тие исто така ќе треба да направат тест потоа и да обезбедат детали за контакт.

 

Дуа Липа, која освои две награди – женски соло изведувач и албум за Future Nostalgia – рече дека им го посветува својот настап на клучните здрвствени работници.

„Се чувствувам многу благодарна што ја споделувам оваа вечер со нив“, изјави таа за Ројтерс.

Американската пејачка Тејлор Свифт стана првата музичарка која е почестена со наградата за животно дело „Глобална икона“ (Global Icon). Дејвид Боуви, Елтон Џон и Роби Вилијамс се добитници на оваа награда.

AnimeTV demon slayer anime tv: Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3

AniWatch watch anime online: Watch My Hero Academia Episode 1 (https://aniwatch.pro/m/lXR/ep-1)