April 21, 2021 01:40
Магазин

Бритни Спирс позираше со своите синови во природа, обожавателите изненадени колку пораснале

Американската поп-ѕвезда Бритни Спирс, чиј приватен живот повторно е тема во светот на славните, позираше со нејзините синови на семејна фотографија.

На фотографијата се 15-годишниот Шон Престон, 14-годишниот Џејден Џејмс и насмеаната Бритни, а наводно е снимена во Таузенд Оукс, Калифорнија, каде што живее Бритни. Фотографијата е објавена на инстаграм-профилот посветен на синовите на Бритни.

Синовите ретко се гледаат со 39-годишната пејачка, па фановите се изненадени колку пораснале. Тие се почесто со нивниот татко, поранешниот сопруг на Бритни, Кевин Федерлајн.

По понишувањето на судската одлука за еднакво старателство на мајката и таткото над синовите, во 2019 година беше одлучено Федерлајн да добие 70 отсто старателство, поради што Шон Престон и Џејден Џејмс поминуваат значително помалку време со својата мајка, пишува „Мирор“.