December 9, 2022 22:47
Свет

Британско Министерство за одбрана: Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своите разузнавачи за ситуацијата во Украина. Во него се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се обрати пред рускиот парламент во петок, на 30 септември и дека „постои можност Путин да го искористи обраќањето за формално да ја објави анексијата на окупираните региони на Украина“.

Денеска треба да завршат референдумите што во моментов се одржуваат во окупираните региони на Украина.

Руските лидери се надеваат дека најавата за анексија на окупираните територии ќе биде сфатена како успех на „специјалната воена операција“ (како што официјална Москва ја нарекува инвазијата на Украина) и ќе ја консолидира јавната поддршка за конфликтот, се вели во извештајот.

Но, таа надеж најверојатно ќе биде поткопана од свеста на руската јавност за неодамнешните порази на руските сили на бојното поле и значителните немири предизвикани од најавата за делумна мобилизација, според британското воено разузнавање,пренесе Индекс.хр.