June 28, 2022 07:02
Свет

Британското разузнавање: Русија веројатно изгуби една третина од своите копнени сили во Украина

Веројатно е дека Русија загуби една третина од копнените сили што ги испрати во Украина, велат британските разузнавачи во новиот извештај што го објави британското Министерство за одбрана.

Во извештајот, исто така, се наведува дека руската офанзива во Донбас, источното индустриско срце на Украина, „изгубила динамика и е значително зад распоредот“. Се додава дека всушност, во текот на изминатиот месец, Русија „не успеала воопшто да постигне значителни територијални придобивки“.

„ Руските сили се сè повеќе ограничени поради деградираните способности, континуирано нискиот морал и намалената борбена ефикасност. Малку е веројатно дека Русија драматично ќе ја забрза својата стапка на напредување во следните 30 дена“, се вели во извештајот.

Како што се додава, Москва почнала да го гаѓа Донбас откако не успеала да го освои главниот град на Украина, Киев.

Вчера Украина и американски тинк-тенк тврдеа дека Русија ја загубила битката за североисточниот град Харков – можеби клучната цел на Путин.

phần mềm hack tài xỉu go88 go88 math go88 quay hu

hotline sunwin sunwin energy italia sunwin impex