October 18, 2021 11:43
Свет

Британски план Б за зима: Работа од дома, задолжителни маски, сертификат за Ковид-19

Заклучувањето, задолжителното носење маски, сертификат за ковид и работа од дома уште еднаш може да станат дел од секојдневниот живот, оваа зима, како план Б во борбата против пандемијата, најави британскиот министер за здравство.

Министерот Сајид Џавид рече дека Владата е подготвена за план Б доколку англискиот здравствен систем се најде под неподнослив притисок.

Според него, планот Б вклучува – задолжително носење маски, работа од дома, задолжителни сертификати за ковид за ноќни клубови, забрана за настани во затворени простории за повеќе од 500 луѓе, забрана за настани на отворено со повеќе од 4.000 присутни, јасна и итна комуникација за нивото на ризик.

Тој нагласи дека заклучувањето е последната опција ако планот Б не успее, пренесуваат британските медиуми.

„Секоја одговорна влада мора да се подготви за сите опции и иако никој не ги сака овие мерки, ние мора да бидеме подготвени за нив, за секој случај“, рече Џавид.

Британските власти нагласуваат дека не постои мерка која точно ќе покаже кога и дали треба да се активира планот Б, а портпаролот на Борис Џонсон рече дека ќе се земат предвид неколку фактори, од бројот на хоспитализирани, преку клинички слики до бројот на новозаразени.

Британија ќе ги ревидира упатствата за патување на 1 октомври, а Џавид додаде дека е можно да се воведат задолжителни сертификати за ковид за здравствените работници и оние во социјалните институции.

Black Lagoon (https://animefreak.ws/m/kdJ) Episode 12

4Anime: Peter of Placid Forest (Dub) anime episode Full online free at https://4anime.biz persona 4 the animation

Website https://wcostream.cc: Watch She, The Ultimate Weapon (Dub) wcostream Episode 13 anime stream

GoGoAnime: Lamune anime episode 12 online free at https://gogoanime.be gogoanime dororo

Ko-fi: https://ko-fi.com/gogoanimelol

Scoop: https://www.scoop.it/u/gogoanimelol