January 24, 2022 21:23
Магазин

Британски „Милионер“ 2001: Натпреварувач го прашале за сливова ракија, ја повикал мајка си

На Твитер се шири видео запис од популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“ стар точно дваесет години.

Во епизодата, која се емитувала во Обединетото Кралство во февруари 2001 година, за 125,000 фунти Џон Секстон требало да одговори за сливова ракија (сливовица) и нејзината главна состојка.

Секстон, не знаејќи кое овошје е главната состојка во оваа ракија, ја повика мајка си. Таа како од топ му го даде точниот одговор и му откри дека сливовата ракија односно slivovitz brandy се прави од слива (англиски „plum“).

Секстон ѝ се заблагодари на мајка си и ѝ кажа дека ја сака, а сите во студиото ентузијастички аплаудираа на знаењето и брзината со која таа реагираше. Секстон на крајот освои 250,000 фунти на квизот, а таа година стана ѕвезда во Обединетото Кралство за огромната сума што ја освои.

Клип од оваа емисијата со наградното прашање деновиве објави српски твитерџија, а коментарите под објавата се урнебесни. „Мама сигурно пиела сливовица кога била на Јадран“, „Ваква сигурност во одговорот има само по испиен литар“.

„Една е мајка!“ твитна друг корисник.

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 3

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub) Episode 11

Naruto: Shippuden Episode 498

ANIMEFLIX Horimiya (Dub)

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub)