January 20, 2020 17:57
Свет

Британските избори низ бројки

Британците за два дена ќе гласаат на избори, кои нема да одредат само кој ќе управува со Велика Британија во следниот период, туку и како, а можеби и дали земјата ќе ја напушти ЕУ.

Политичките партии се обидуваат да ги придобијат на своја страна неодлучните избирачи.

Право на глас на изборите за 650 пратенички места имаат околу 46 милиони Британци. Партијата која ќе освои апсолутно мнозинство ќе формира влада, а нејзиниот лидер станува премиер. Доколку ниту една партија не осбои доволен број пратенички места, онаа која има најмногу може да се обиде да формира малцинска влада или коалиција со некоја друга партија.

Владејачките конзервативци во моментот на распишување на изборите имаа 298 пратеници, што значи дека за мнозинство им недостасувале повеќе од 20. Губењето на мнозинството по девет години на власт ги доведе конзервативците до тоа што премиерот Борис Џонсон немаше успех во усвојувањето на мерките потребни за излез од Унијата. Џонсон тврди дека во случај да победи „ќе го спроведе Брегзит во дело”.

Опозициските лабуристи го дочекаа распуштањето на Парламентот со 243 пратеници, а кампањата ја водеа со ставање на Брегзит во втор план и фокусирајќи се на поголеми давачки за здравството, образованието и социјалната помош, национализирање на некои клучни индустрии и комунални услуги, како и ветување дека сите Британци ќе добијат бесплатен пристап до интернет.

Проевропските опозициски партии, Либералните демократи, Зелените и велшката партија Плејд камри, се во сојуз поради тактичко гласање и нема да се натпреваруваат едни против други во десетина изборни единици, со цел победата на проевропските кандидати да ја направат поизвесна. Шкотската национална партија (СНП), со 35 пратеници трета по сила во досегашниот состав, не е дел од т.н. „Сојуз за останок” иако е против Брегзит.

Неодамна формираната Партија Брегзит немаше претставници во Парламентот, а својата желба од ЕУ да се излезе без договор околу условите за „развод” ќе се обиде да ја исполни со повлекување на своите кандидати од над 300 изборни единици каде во 2017 година победиле конзервативците.

Според засега важечкиот распоред, Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ на 31 јануари 2020 година, односно за 53 дена.

Изборите во Велика Британија обично се одржуваат на пролет, кога временските услови се подобри. Последните избори во декември се одржани пред 96 години.

Брегзит и некои други прашања ја затруја политичката атмосфера до таа мерка што повеќе од 70 пратеници се откажаа од кандидатурата за реизбор. Политичари, без разлика дали се приврзаници или противници на Брегзит, беа мета на навреди и закани. Меѓу оние кои се откажаа од кандидатурите се многу умерени и проевропски конзервативци, лабуристички пратеници кои тврдат дека раководството на нивната партија не се бори против антисемитизмот и веќе видени пратенички кои, исто така, добивале бројни навреди.

Партиите кои се натпреваруваат во сите изборни единици можат за кампањата да потрошат најмногу 19,5 милиони фунти, што е околу 30.000 фунти по изборна единица.

Нови вести

Советот на ЕУ: Климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото

Filip

Деветмина убиени од бомбаш-самоубиец во Чад

Filip

Десет лица загинаа при инцидент во црква во Етиопија

Filip