Свет

Британските власти имале подготвено цел план во случај на смрт на принцот Филип, ова се деталите

Денеска на 99-годишна возраст почина принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета.

По неговата смрт, медиумите пишуваат за протокол, според кој веќе може да се предвиди развојот на настаните.

Како и за кралицата Елизабета, постои план. Познат е како операција „Форт бриџ“ и детално го опишува редоследот на настани.

„Форт бриџ“ е името на мостот што го поврзува Единбург со Перт. Отворен е во 1964 година.

Велика Британија веднаш ќе влезе во период на национална жалост, во кој, меѓу другото, сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје, а ТВ-презентерите ќе мора да носат црно. Членовите на парламентот ќе носат црни ленти на ракавите.

Официјалното време на жалост на кралицата најверојатно ќе трае осум дена, а во тој период сите државни работи ќе бидат запрени.

Постои можност овој период да се продолжи на 30 дена, по што кралицата се очекува да се врати на своите редовни должности. Кружат информации дека принцот Филип не сакал голем погреб, туку едноставен.

Погребот најверојатно ќе се одржи во капелата Сент Џорџ кај замокот Виндзор. Тој ќе биде погребан во градините Фрогмор, а на јавноста нема да и биде допуштено да го види телото.

Според линијата на британски престолонаследници, принцот Чарлс е прв во редот за тронот, а по него следува принцот Вилијам, а потоа и неговите три деца Џорџ, Шарлот и Луис.

AnimeHeaven anime heaven au: Watch Fairy Tail (Dub) Episode 87

WCOStream anime: JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) (https://wcostream.cc/m/RWWg) Episode 39