December 6, 2019 22:14
Свет

Британскиот принц Ендру се повлекува поради афера

– Британскиот принц Ендру објави дека се повлекува од јавниот живот, наведувајќи дека контроверзиите околу неговиот непромислен однос со американскиот финансиер Џефри Епстајн, кој беше осуден за педофилија, му предизвика големи проблеми на кралското семејство.

Ендру изјави дека „се откажува од сите свои јавни должности во догледна иднина”.

Принцот, исто така, побарал од мајка му, кралицата Елизабета Втора, дозвола да се повлече.

Обидите на британскиот принц Ендру да ги разјасни неговите пријателски односи со Епстајн во интервјуто кое го даде за Би-Би-Си пред неколку дена, предизвика многу негативни реакции.

Тој во интервјуто првпат одговараше на прашањата за врските со осудениот педофил Епстајн пти што призна дека било грешка што престојувал во неговата куќа.

Принцот Ендру, во едно од ретките интервјуа за Би-Би-Си, категорично ги отфрли обвиненијата дека имал сексуален однос со американската Вирџинија Робертс, која го обвини за сексуална злоупотреба кога била малолетна.

Повеќечасовното интервју веднаш стана ударна тема на социјалните медиуми и предизвика бројни реакции, од кои малку беа за поддршка на принцот.

Нови вести

(видо) Меланија им читаше божикна приказна на деца во болница

Filip

Крајбрежната стража на Мавританија пресретнала брод со мигранти

Filip

Напаѓачот од базата во Пенсакола бил саудиски војник на обука, саудискиот крал му изразил сочуство на Трамп

Filip