November 12, 2019 05:40
Свет

Британската полиција приведе возач во чиј камион имало 15 малолетни мигранти

Полицијата во округот Вилтшир во југозападниот дел на Велика Британија уапси возач под сомнение дека незаконски криумчарел 15 лица во земјата во камион, пренесува „Спутник“.

Полицијата вчера вечер добила повик за сомнителна активност во која учествувал камион на автопатот А350 кај Чипнам. Полицијата пристигнала на местото на настанот и открила 15 лица во возилото, сите постари од 16 години.

„Колегите од брзата помош и противпожарната служба беа на местото на настанот и извршија првични лекарски прегледи – 14 лица се однесени во притвор, а едно лице е однесено во болница за понатамошни проверки. Возачот на камионот е уапсен под сомнение дека помагал за нелегално влегување и е притворен во Свиндон за понатамошно испрашување “, соопшти полицијата.

Инцидентот се случи среде истрагата за убиството на 39 мигранти кои беа пронајдени во камион-ладилник во округот Есекс кон крајот на октомври. Мртвите мигранти биле државјани на Виетнам. Приведени се петмина осомничени, меѓу кои и возачот на камионот, а тројца од нив подоцна беа ослободени со кауција.

Според полицискиот оддел во Есекс, Ронан и Кристофер Хјуз од Северна Ирска се бараат под сомнение за убиство и за трговија со луѓе во врска со трагедијата.

Нови вести

Шекеринска од Свети Николе: После 30 години зборување за НАТО, СДСМ успеа да го донесе овој стратешки приоритет, тоа е патриотизам

Igor

ЕУ, Берлин, Париз и Лондон бараат Иран да се придржува до нуклеарниот договор

Igor

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Igor