June 26, 2019 20:43
Свет

(Видео) Британската полиција го уапси Асанж

Британската полиција денеска соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Според лондонската полиција, Асанж бил уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон. Еквадорскиот амбасадор им дозволил влез на полицајците откако Владата на Еквадор го повлекла азилот за Асанж, кој бил уапсен по ктуелна потерница. Асанж престојуваше во амбсадата изминативе седум години.

Во соопштението на британската полиција се наведува дека 47-годишниот Асанж бил уапсен врз основа на налог на Судот во Вестминстер издаден на 29 јуни 2012 година, затоа што не се јавил на суд во предвидениот термин.

Австралиецот Асанж се прослави по објавувањето серија американски тајни документи, вклучително и за воените операции на САД во Авганистан и Ирак и за условите во затворот во базата Гвантанамо на Куба.

Во 2010 година, САД издадоа потерница по него под обвинение за објавување доверливи информации, по што Асанж замина во Шведска, каде побара азил. Меѓутоа, набрзо во Шведска беше обвинет за силување, обвинувања што тој ги отфрла.

Асанж тврдеше дека обвинувањата се со цел тој да биде уапсен и потоа Шведска да го екстрадира во САД, поради што замина за Велика Британија. По ова шведски суд објави меѓународна потерница по него, врз основа на која британската полиција го упаси во 2012 година. Но, тој беше ослободен од притвор со кауција до завршување на судскиот процес за негова екстрадиција во Шведска.

По ослободувањето од притвор, Асанж во август 2012 година се засолни во Еквадорската амбасада во Лондон, која му даде азил и тој изминативе седум години ги мина во зградата на дипломатското претставништво.

По неколку години обвинувањата за силување во Шведска беа отфрлени, но Асанж и натаму остана во Амбасадата стравувајќи дека британските власти може да го уапсат и да го екстрадираат во САД.

Порталот „Викиликс”, повикувајќи се на извори во Владата на Еквадор, на 5 април објави дека во „следните часови или денови” Асанж ќе биде протеран од Еквадорската амбасада во Лондон. Како повод за укинување на азилот и за негово протерување од Амбасадата, според „Викиликс”,  еквадорските власти ќе го искористат објавувањето од страна на сајтот, на корупциски скандал со офшор компании во кој е вмешан претседателот на Еквадор, Ленин Морено.

Минатата недела британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант изјави дека Асанж е „слободен човек” и кога ќе одлучи може да ја напушти Амбасадата на Еквадор.

Нови вести

Холандските железници ќе им платат отштета на жртвите на Холокаустот

Filip

Гваидо: Нова воена интервенција се уште е опција

Filip

Членките на НАТО се согласија за мерки против Русија ако пропадне нуклеарниот договор

Filip