June 25, 2022 23:22
Свет

Британија подготвува есенска кампања за зајакнување на имунитетот против Ковид-19

Очекуваната есенска кампања во Велика Британија за зајакнување на имунитетот против Ковид-19 ќе биде насочена кон лицата постари од 65 години, жителите на домовите за стари лица, здравствените и социјалните работници и сите возрасни лица во клинички ризик, нагласија советниците за вакцинација.

Велика Британија предлага пролетно засилување на вакцината за лицата над 75 години и лицата со имуносупресија, а министрите отворено зборуваат за планирање дополнителна кампања за зајакнување на имунитетот наесен, јавија британските медиуми.