December 3, 2022 10:00
Свет

Британија: Зимата ќе биде тешка ако има зголемено присуство на грип и враќање на Ковид-19

Британските здравствени власти предупредуваат на тешка зима доколку дојде до зголемено присуство на грип и враќање на Ковид-19, бидејќи тоа дополнително ќе го оптовари и онака затегнатиот здравствен систем.

По укинувањето на мерките, социјалните контакти се враќаат на предпандемиско ниво, а нивото на отпорност на грип е релативно ниско, велат во оваа земја.

Затоа, Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) препорачува сите оние кои имаат право на бесплатна вакцина против грип и дополнителна доза против Ковид-19 да се вакцинираат. Околу 33 милиони луѓе оваа година имаат право на бесплатна вакцина против грип, а 26 милиони од нив имаат право на вакцина против Ковид-19.

„Постојат силни индикации дека поради ниските нивоа на природен имунитет, како резултат на помалата изложеност во изминатите три зими, би можеле да се соочиме со голем број случаи на грип и враќање на Ковид-19“, вели Сузан Хопкинс, главна медицинска советничка на УКХСА.