December 11, 2019 06:11
Свет

Британец истрчал маратони во 196 земји во светот

Триесетгодишниот Британец, Ник Батер стана првиот човек што истрчал маратони во сите 196 држави признати од Обединетите нации, завршувајќи го својот предизвик во Грција деновиве.

Батер досега собрал над 65.000 фунти (83 илјади долари) за добротворни цели за рак на простата во Велика Британија, како резултат на неговата рекордна одисеја, која започна на 6 јануари 2018 година.

Батер е поранешен банкар кој својот прв маратон го истрчал на 11-годишна возраст.Идејата за неговиот предизвик да трча во 196 земји се појавила кога Батер запознал учесник во трката во пустината Сахара на кој му биле дијагностициран терминален карцином на простата.Тоа го инспирирало да собере пари за лекување на рак на простата во Велика Британија и, кога сфатил дека никој досега не трчал маратон во секоја земја во светот, одлучил да биде првиот којшто ќе го стори тоа.

„Треба да го цените вашето време, не можете само да претпоставите дека ќе одите во пензија и ќе го живеете овој живот, треба да одите и да го направите она што го сакате сега“, рече Батер за Си-ен-ен.

Нови вести

Антивладини протести во Чешка

Filip

Поради заболувања на кожата, сите мислат дека двегодишно дете е пластична кукла

Filip

(ВИДЕО) Новинарка во САД удрена по задник за време на репортажа од трка

Filip