December 9, 2019 03:46
Свет

Бристол забранува возење на дизел-автомобили во центарот на градот

Бристол е  првиот град во Англија кој ја забрани употребата на дизел автомобилите  во централното градско подрачје. Според градските челници одлука е донесена за справување со високата загаденост на воздухот, особено во централниот дел од градот. Токму во овој реон во текот на работните денови во попладневните часови биле мерени неколку пати поголеми количества на штетните честици во воздухот.
Создавањето на таканаречена Зона за чист воздух (Clean Air Zone) е предвидено да започне во 2021 година. Дотогаш фирмите и физичките лица имаат доволно време да се подготват за овие измени.
Од 7 до 15 часот сите дизел автомобили нема да смеат да се движат во центарот на градот. Возачите на дизел автомобили кои во овој период сепак ќе бидат затекнати во центарот на градот ќе заработат „дебели“ казни.
Забраната се однесува и на комерцијалните и такси-возила на дизел погон, кои спека ќе можат да влезат во одредената област ако платат билет од 9 фунти. Слично е и за автобусите кои ќе мораат да платат дури 100 фунти ако сакаат да возат во центарот на градот.
Градските власти во Бристол најавуваат зголемување на бројот на електрични полначи, како и повеќе ленти за велосипедисти, за да ги охрабрат луѓето да користат електрични автомобили, велосипеди …
Се проценува дека повеќе од 110 милиони фунти ќе бидат потрошени за подготовка на инфраструктурата и сите други придружни трошоци за да се применува забраната на дизел автомобилите во центарот на Бристол.

Нови вести

Шојгу: Односите меѓу Русија и НАТО само се влошуваат

zane

Трамп: Ким ризикува да загуби се

zane

Еспер: Наредив преиспитување на безбедноста на воените бази во САД

zane