April 21, 2019 20:38
Свет

Брисел: Лондон ќе мора да го оправда одлагањето на Брегзит

Велика Британија ќе мора да го оправда барањето за одлагање на Брегзит, а европските лидери при носењето на одлуката по барањето ќе се водат од идејата да нема никакви пречки во функционирањето на институциите на ЕУ, соопшти Европската комисија во реакција на синоќешната одлука на Парламентот во Лондон за одлагање на британското истапување од Унијата.

Комисијата во своето соопштение наведува дека барањето за одлагање на Брегзитот сепак мора да биде одобрено од сите 27 држави членки, најавувајќи дека идниот четврток и петок ќе одржи состаноци посветени на британското барање.

Некои европски лидер претходно изјавија дека Велика Британија ќе мора да ја напушти ЕУ пред одржувањето на изборите за Европарламентот, закажани за мај годинава, или во спротивно ќе мора да учествува на овие избори со цел да не биде доведена во прашање нивната легитимност.

Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 412 гласа „за” и 202 „против” го усвои предлогот на Владата на премиерката Тереза Меј за одлагање на истапувањето на Велика Британија од ЕУ за по 29 март.

Со Одлуката се предвидува Брегзитот да се одложи до 30 јуни, доколку Долниот дом до 20 март го одобри Договорот за британското истапување од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата на Меј и Брисел.

Доколку, пак, до 20 март пратениците и по третпат не го одобрат Договорот, британската Влада ќе бара подолгорочно одлагање на Брегзитот, но ЕУ ќе мора да се согласи со барањето и да ги постави условите за тоа.

Нови вести

Излезни анкети: Зеленски победи на претседателските избори во Украина

Filip

Соборениот претседател на Судан претрпе мозочен удар

Filip

Џенингс: Извештајот на Малер ја откри катастрофалната политика на Обама кон Русија

Igor