October 21, 2020 14:23
Македонија

„Бригада Дизајн“ фаворизирана од ФИТР, истата фирма добивала тендери во 2018

Од реакцијата на Фондот за иновации и технолошки развој очигледни и јасни се две работи.

Прво, договорот помеѓу ФИТР и Фирмата „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ не е во четири очи и е објавен на тендер на бирото за јавни набавки, но и јасно е дека ФИТР призна дека тендерот го добива фирмата „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ во сопственост на советникот во Град Скопје од СДСМ Бојан Ивановиќ.

Второ, останува Фондот за иновации и технолошки развој да одговори како токму фирмата на советникот Јовановиќ, бизнис партнерот на Јани Макрадули во фирмата „Смарт агенда“ го добива овој договор, вреден околу 200 илјади евра? Како токму фирмата на „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ е избрана да го добие овој вреден договор од над 500 компании во Македонија?

Како истата фирма „Бригада Дизајн“ без тендер во четири очи добила две јавни набавки во вредност од над 40 илјади евра во 2018, исто така договор со Фондот за иновации и технолошки развој? Токму и сега фирмата на Јовановиќ повторно добива договор, но овој договор е 5 пати поголем и во вредност од близу 200 илјади евра, но овој пат преку тендер.

Зошто токму оваа фирма ја фаворизира Фондот за иновации и технолошки развој?

Дали партнерство на Јовановиќ во друг бизнис со Јани Макрадули е фактор за избор на фирмата за оваа голема зделка?! Или пак фактот за фаворизирање на фирмата „Бригада Дизајн“ што Бојан Ивановиќ е советник во Град Скопје и близок до Петре Шилегов?!