November 30, 2020 20:48
Магазин

„Брзи и бесни“ се ближи кон крајот на патот

Популарната филмска франшиза „Брзи и бесни“, најверојатно, ќе заврши со уште два филма, според порталите „Дедлајн“ и „Варајети“.

Истите извори додаваат дека Џастин Лин ќе ги режира двата последни филма (10-ти и 11-ти) во серијалот.

Премиерата на деветтиот филм е предвидена за мај 2021 година бидејќи пандемијата на Ковид-19 ја помести за цела година.

Акциониот серијал дебитира во 2001 година со Вин Дизел, Мишел Родригез и покојниот Пол Вокер во главните улоги. Оттогаш се прошири за да вклучи осум директни продолженија, еден филмски спиноф и анимирана ТВ-серија.

Серијалот, заедно со минатогодишниот „Брзи и бесни: Хобс и Шоу“ досега има генерирано 5,7 милијарди долари во светски рамки.

Furious 7 од 2015 година се смета за најуспешно продолжение досега, со заработка од 1,5 милијарда долари на киноблагајните.