Спорт

Бреша официјално се огласи против завршување на сезоната во Серија „А”

 – Екипата на Бреша излезе со официјален став во кој ги објави своите планови за завршување на сезоната. Газдите на италијанската федерација се надеваат дека првенството ќе биде обновено на крајот на мај и ќе заврши во јули, но од повратникот во Калчото воопшто не се согласуваат со оваа одлука.

Во соопштението се вели дека клубот не би сакал да играат поради многуте жртви на пандемијата на коронавирус во Бреша и околината. Како што знаете, Бреша е во областа Ломбардија, која е најпогодениот дел од Италија од вирусот.

Раководството на клубот додаде дека нема да можат да ги вратат парите за пропуштените натпревари на сопствениците на сезонски карти. Како компензација од Бреша, тие нудат сериозен попуст на своите приврзаници за сезоната 2020/21.

Во соопштението се вели и дека скоро сите фудбалери на Бреша се согласиле веднаш да ги намалат платите за да му помогнат на клубот во тешката состојба.

Пред неколку дена, претседателот на Бреша, Масимо Челино се закани дека доколку се обнови првенството, неговиот тим нема да се појави на ниту еден натпревар. Торино, Удинезе, Џенова, Сампдорија и СПАЛ 2013 се исто така против доигрување на оваа сезона.