November 23, 2020 20:32
Спорт

Брестовац објави поширок список на репрезентативни кандидати за квалификациските мечеви од ЕП-2022

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Данило Брестовац, објави поширокиот список со 35 ракометари  од кои ќе биде избран државниот тим за почеток на новиот квалификациски циклус за ЕП 2022.

Македонија ги почнува новите квалификации со домашен натпревар против Финска на 4 ноември во Скопје (20 ч.), додека во вториот ќе гостува кај Швајцарија во гратчето Цуг на 7 ноември од 18:30 часот.